23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика, наместо да копира проекти и концепти од СДСМ

Реакција од СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ) и затоа најдобро му е да молчи на тема енергетика.

Имаше можност Мицкоски и како директор и како советник за енергетика на Никола Груевски да направи многу на тема енергетика, на тема еколошки и обновливи извори на енергија.

Но наместо тоа во негово време беше укината евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Тоа се „резултатите“ на Мицкоски во енергетиката, затоа денеска никој не верува во неговите ветувања.

Денес Мицкоски копира проекти за гасификација на домаќинства, ги копира концептите „Парите назад кај граѓаните“ и “Едно општество за сите“ на СДСМ кога веќе не може да понуди свои оригинални.

Граѓаните знаат колку Мицкоски е неодговорен, нечесен и несериозен и затоа одново ќе го казнат на следните избори.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T