Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велосипедист загина по удар од автомобил, возачот избегал

Велосипедист загина кога во него удрил автомобил на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на каменоломите.

„Патничко возило, кое го напуштило местото на незгодата, удрило во велосипед управуван од О. А. (66) од с. Врапчиште, Гостиварско. На местото на незгодата починал велосипедистот. Смрт констатирал лекар, а јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

C +

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

C +

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.