Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTAR

Сончево и многу топло време со температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. В петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ДЕНЕСКА ПЕКОЛНИ ЖЕШКИ ТЕМПЕРАТУРИ – Синоптичарите објавија дневна прогноза

ДЕСК

ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ ДВА ДЕНА НА ОВИЕ ЖЕШТИНИ: Доаѓа ПАД на температурите и ДОЖД со засилен ветер! – Детална прогноза за претстојните денови

ДЕСК