Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Од четврток прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена ќе се прска против комарци, според следниот план:

1. Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15.07.2021 година (четврток) и на 16.07.2021 година (петок), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18.07.2021 година (недела) до 22.07.2021 година (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Карпош Користи штедливо лед – осветлување

ДЕСК

Подготвителни активности за втора фаза градежни работи за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето Песталоци, создаваме подобри услови за учениците

ДЕСК