8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од Ресен: Наместо во палми и споменици кои блештат корупција, решивме да инвестираме во луѓето

„Решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици кои блештат од корупција, да инвестираме во луѓето и нивните потреби. Покажавме дека може да се градат нови градинки и училишта, да се реновираат боллници и да се вложува во оние на кои им е најпотребно“ кажа секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен.

Тој додаде дека сите политики на СДСМ имаат една цел – да им помогнат на граѓаните и да ги решат нивните проблеми. Како што кажа Маричиќ, токму затоа и СДСМ води праведни политики и политики кои придонесуваат за доброто на граѓаните.

„Преполниот плоштад во Ресен покажува дека СДСМ е најдобрата, најсилната и најпрогресивната партија која единствена остана со народот и меѓу граѓаните. Покажавме дека сме најдобри кога сме меѓу граѓаните и кога ги слушшаме граѓаните победуваме“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека не било ни лесно ни едноставно да се преземе власта кога државата беше опустошена, покрадена, изолирана и заробена.

„Сепак, Владата и општините покажаа дека може за 4 години да се направи позитивна промена во сите делови и сите слоеви на општеството“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

ДЕСК

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

ДЕСК

Претрес во Струмица, уапсено едно лице

ДЕСК