Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност? – прашаа од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад.

Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.

До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Алта Банка нема да банкротира на брутален начин како Еуростандард неколку дена по подигнувањето на пари од страна на министер од СДСМ

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД МАРКЕТ ВО ТЕТОВО – 39-годишен маж викал и се однесувал агресивно, интервенирала полицијата

ДЕСК

Мицкоски објави документ од владина седница од 2023 година во кој тогашната влада одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка на Мацура

ДЕСК