Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Воз удри во мигранти кај Криволак, едниот од нив починал

Товарен воз удри во мигранти пред железничката станица Криволак, а едниот од нив починал на пат кон болница.

Според информациите на МВР, ноќеска во 00:40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци. Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.