6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мвр: Пратеникот Апасиев ги лаже граѓаните

Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна.

Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција. Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО, СЕ НАЈАВУВААТ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ И СОНЦЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

C +

Филипче: Додека СДСМ нуди проекти, ВМРО-ДПМНЕ тоне во безидејност и црна пропаганда

C +