23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

Важна улога во спасувањето-Германски научници развиваат беспилотни летала кои ќе ги најдат луѓето со прием на звук

Иако звучи како сцена од филмови како Терминатор, беспилотните летала што ќе ги наоѓаат луѓето кои викаат ќе имаат корисна функција.

Германски научници од Институтот Фраунхофер развиваат беспилотни летала кои откриваат врисоци, а со тоа им помагаат на спасувачите брзо да најдат луѓе кои се во неволја, заробени или повредени. Овие беспилотни летала се опремени со низа микрофони што ги користат за да го „слушаат“ звукот, а исто така користат техники за обработка за да утврдат која личност е најблиска, а потоа летаат кон истата.

Научникот Макарена Варела и нејзините колеги Волф-Дитер Вирт и Манфред Окум претходно развија сличен систем, но тој беше преголем и претежок за да може да се монтира на дрон.

Новиот систем користи 32 микрофони, но сè уште не се спроведени експерименти за да се утврди минималниот број на микрофони што би овозможило дронот да биде ефикасен и покрај тоа.

Сепак, микрофоните MEMS се мали и ефтини, така што беспилотните летала веројатно ќе имаат двојно поголем број на микрофони, не помалку. Зголемувањето на бројот на микрофони ќе им овозможи на научниците попрецизно да го одредат аголот на звукот што го откриваат беспилотните летала, како и да детектираат звук што доаѓа од поголемо растојание. Беспилотните летала ќе можат точно да ја одредат локацијата на лицето на кое му е потребна помош.

Научниците користат и технологија на монопулсен радар за да го одредат аголот на звукот. Овој радар споредува најмалку два звука од различни насоки и одредува кој сигнал е посилен за да се одреди позицијата на „целта“.

Во моментов се развиваат и тестираат методи за филтрирање за да се намали бучавата, вклучително и звукот на елисата на беспилотни летала. Исто така, се експериментираат различни методи за откривање на звукот, односно гласот на луѓето кои се во опасност, вклучително и АИ и нервните мрежи. Се користи основа на „импулсивни звуци“ што едно лице може да ги произведе, и тие вклучуваат удирање, плескање и врескање.

Беспилотните летала веќе се користат во операциите за пребарување и спасување, особено на недостапни и широки локации, а тие работата ја завршуваат побрзо од луѓето или кучињата. Вака беспилотните летала најмногу се потпираат на камерите. Брзината на помошта често прави разлика помеѓу животот и смртта.