Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Илон Маск ги “скара” Србите и Хрватите – тој напиша чиј бил Тесла

Коментирајќи ја веста за зголемувањето на продажбата на автомобилите на Тесла во Хрватска, сопственикот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, напиша дека Тесла е роден во Хрватска, од родители Срби.

„Никола Тесла е роден во Хрватска од родители Срби“, напиша Маск.

Некои веќе ги доставија своите тврдења во врска со изводот на родените на Тесла, а некои пишуваат дека Тесла е роден во Австро-Унгарија.

Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смилјан, како дете на локалниот свештеник на Српската православна црква Милутин Тесла и неговата сопруга Ѓука, на воената граница на тогашна Австрија, денес Република Хрватска.

Се школувал во Госпиќ, Карловац, Грац и Прага. Во периодот од 1881 до 1882 година, тој работел во Централната телеграфска канцеларија во Будимпешта, и таму го започнал својот голем период на пронаоѓање – тој го усовршил уредот за засилување на гласот на телефон.

Тој отиде во Париз во средината на 1882 година, а во САД пристигна во 1884 година, каде што започна да работи за компанијата на Едисон.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 25 јули 2025

ДЕСК

Хороскоп кој ќе ви ги отвори очите: Кои знаци блескаат и се движат кон успех

ДЕСК

Дневен хороскоп за 24 јули 2025 – Кому ќе му тргне во четврток?

ДЕСК