На глобално ниво еден од клучните предизвици во 2020 и 2021 година е справувањето со пандемијата и економските последици. Тоа што треба да се знае е дека цените ќе ја платиме сите бидејчи поскапуваат сите ресурси и тоа не е поради национални влади, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „24 анализа“.
-Дали ќе се носат одлуки со помали негативни импликации кон сите. Неминовно е одредено поскапување во одредени сегменти. Кај нас минатата година, имавме 40 проценти пониски цени. Се уште плаќаме евтини ресурси во споредба со другите земји. Струјата и нафтените деривати се меѓу најевтините кај нас, рече Битиќи.
Според него она што е важно е дека граѓаните во изминатите четири години добиваат поголема минимална плата која од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ сега е 15.240 денари. За четири години и просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 илјади.
-Моите сограѓани добиваат повеќе пари, дополнително секој еден денар кон привлекува инвестиции, без разлика дали домашна или странски, ќе може да довие субвенции само ако даваат плата над 22.500 ако не нема да бидат субвенционирани, рече Битиќи.