23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Охрид: ВМРО-ДПМНЕ да знае дека патриотизам е добро здравство, добра економија, образование и правосудство

Не обинуваат дека сме започнале предизборна кампања, тоа не е точно, овие средби се да се слушне гласот на граѓаните, да видиме што вие мислите, рече потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

-Така  ги водиме нашите политики, инклузивно да се сите вклучени, да слушнеме кои се проблемите и предизвиците со кои се  соочуваат граѓаните, во секој град, во секоја населба,бидејќи многу често од граѓаните ги слушаме и решенијата, а ние веруваме во решенија кои доаѓаат токму од граѓаните, различните групи, иницијативи, рече тој.

Филипче посочи дека така се работело и во министерството за здравство и затоа тимски лекарите успешно се справиле со пандемијата.

-Ние работиме инклузивно, ги обезбедивме лековите за децата и граѓаните со ретки болести, ова  е градот на жената борец за децата со ретки болести, Гордана Лолевска, ги вклучивме  здруженијата на пациенти, младите специјализанти, лекарска комора, сите кои знаат што значи сектор здравство и кои знаат што може да се направи за да се унапреди, посочи Филипче.

Тој потсети дека минатата година се соочивме со криза која како што потенцираше никој никаде во светот ниту знаел што значи ниту знаел како да ја менаџира.

-Покажавме пожртвувана и тимска работа, да се биде одговорна и транспарентна власт. Не дозволивме ни еден пациент да остане без болнички третман, а тоа значи и лекарите кои се вистински херои во овој град и во земјава. Се зголемија платите  на лекарите специјалисти од 60 илјади денари на 85.000 и 160.000 денари, за медицинските сестри од 19.000 сега платите се над 33.000 денари, не оставивме млад лекар да замине од земјава понудивме платен работен стаж од 30.000 денари, ги решаваме сите проблеми, од овој месец младите специјализанти имаат платени дежурства и здравствено осигурување, рече Филипче.

СДСМ вложува во социјална и детска заштита, градинки, училишта, плати, пензии, стечајни работници го слушаме гласот на граѓаните и сакаме да ги решиме сите проблеми, рече потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

-ВМРО-ДПМНЕ не обвинува за предавство, патриотизам е силно здравство, правосудство, економија, нашиот јазик нашата државва не се на продажба, посочи Филипче.