9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
вестМАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, приведени две лица, расчистени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“

На 02.07.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело кражба во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Истиот ден, со судска наредба, извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба. При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражба и тешка кражба, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК