15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонци со македонски идентитет кои зборуваат македонски јазик е познато и потврдено за целиот свет, очигледно само Мицкоки и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание, реагираат од СДСМ.

– Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност.

Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа.

Очигледно е дека се што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.

Затоа е таму каде што е, сам и изолиран во опозиција, каде и долго ќе остане, затоа што граѓаните јасно кажаа дека се против деструктивни политичари кои сакаат државата да ја вратат назад во изолација, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК