24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Павле Богоевски до Димитар Апасиев: Не може да се повикуваш на имунитет за преглед на возило

Фејсбук статус на активистот, Павле Богоевски, кој беше и пратеник:

Ајде сега збор-два за пратеничкиот имунитет.

Пратеникот ужива материјален и формален имунитет. И двата вида се предвидени со чл64 од Уставот.

Материјален имунитет е заштитата од кривично гонење за искажано мислење или глас во Собранието. Тоа значи дека пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или гласање во собраниска постапка.

Затоа, никогаш не може да има кривична одговорност за „интонирање на албанска химна од говорница“ – нешто што „некоординираната опозиција“ не пропушта да го побара во секоја можна прилика. Ниту пак, може да има одговорност за гласањето за името – барање кое на димче редовно му ги влажни сништата и подига лајковите.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор. Освен ако не е затечен при вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор од мин 5 години, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да му го одземе имунитетот.

И, толку. Пратеничкиот имунитет не обезбедува никаква заштита од други оперативно-тактички мерки и истражни дејствија (преглед на лице, превозно сретство и багаж) и не го опфаќа однесувањето надвор од Собранието и собраниската говорница – посебно ако начинот на однесување, или возење укажува дека навистина е потребно да се провери дали возачот е под дејство на алкохол.

Се’ друго е свесна манипулација со правото од позиција на авторитет и лечење на епски комплекси на пониска вредност.