23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Наш важен долгорочен интерес е интензивирање на односите со САД

„Северна Македонија и САД уште еднаш ја потврдуваат заедничката определба за уште поголемо сојузништво и соработка“, кажа премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар за Европа во Стејт Департментот, Филип Рикер. Заев вели дека земјава ја има поддршката на САД за евроинтегративниот процес, како и дека сега повеќе од кога било, сите страни се едногласни дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизацијата на Балканот, а таа пак е таа е суштински дел од нашиот пат до членство во ЕУ.

-Наш подеднакво важен долгорочен интерес е дополнително интензивирање на одличните билатерални политички, економски и културни односи со Соединетите Америкснски Држави. Нашиот Договор за стратешко партнерство од 2008 година е еден од фундаментите врз кој градиме уште поблиски врски во многу области, кажа Заев.

Тој воедно нагласи дека постои огромен потенцијал за инвестиции на американските компании во Северна Македонија, а тоа се потврдува со фактот дека дури десет американски компании вложиле неколку стотици милиони долари во развој на свои капацитетите во ТИРЗ-овите во нашата земја.

-Северна Македонија и САД, како блиски стратешки партнери и сојузници, заедно се фокусирани на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани по мирот ширум светот, заклучи премиерот Заев.