7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Од исклучителна важност е најавата за враќање на силното присуство на САД во регионот

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одржана заедно со В.Д. помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, истакна дека од исклучителна важност е за Северна Македонија враќањето на присуството на САД во регионот.

– За Западен Балкан од исклучителна важност е најавата на претседателот Бајден за враќање на силното присуство на Соединетите Американски Држави на светската сцена со ангажирана дипломатија заснована на најскапоцените демократски вредности на оваа земја и наш стратешки партнер. Ова е добра прилика да ја изразам и нашата благодарност за постојаната, отворена и искрена поддршка на Америка за нашите аспирации колку што може поскоро да ги започнеме преговорите за членство со Европската Унија, истакна премиерот на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гевгелија: Ова не се обични избори, ова е борба за достоинството и иднината на нашиот дом, Македонија!

ДЕСК

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност!

ДЕСК

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

ДЕСК