23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев испрати селфи до колегите од Западен Балкан: „Успеавме! Нула денари во роаминг“

Премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Советот за регионална соработка во рамките на Берлинскиот процес Мајлинда Брегу, денеска во Охрид, на маргините на настанот Преспа форум дијалог испратија порака по повод укинувањето на роаминг тарифите помеѓу шест земји на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

„Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг“, напиша премиерот Заев во својата порака која заедно со селфи ја испратија со Брегу на пријателите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, и Црна Гора.

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите наши граѓани ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони да зборуваат, да испраќаат пораки и да користат интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци.

„Ја остваривме идејата која ја договоривме во 2019 година за да го олесниме поврзувањето меѓу нашите граѓани, меѓу бизнисмените, академската заедница и младите и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Со ова сме чекор поблиску до приклучување кон концептот “Роаминг како дома” со земјите од Европската Унија“, нагласи Заев.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу во својата порака на оваа заедничка промоција за 0 роаминг истакна:

„Да, денеска е историски ден, ние сме во роаминг фри зона за сите држави од Западен Балкан. РСС одигра важна улога во овој процес, но немаше да ја постигнеме целта без лидерите од регионот, нивната посветеност и соработка, заедно со партнерството од Европската Комисија. Од овој ден, ги избришавме границите, бариерите и тарифите на нашите мобилни телефони. Како што истакна и премиерот Заев, следен предизвик ни е да ги започнеме разговорите со Европската Унија и да ги намалиме цените во роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ“, заклучи Брегу.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T