Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, утре ќе се одржи концерт со наслов „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“, со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба.
Изведувачи на концертот се Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски и Сара Кесковска, к.г. – пијано.
Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници. Истите ќе може да се купат online на karti.com.mk и пред почетокот на настанот на влезот на објектот по фестивалска цена од 200 денари.