23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ во обид да го намали семејниот буџет, не поддржаа намалено ДДВ на струјата

„Пратениците на опозициската партија на денешната собраниска седница не гласаа за усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност со која ДДВ за струјата ќе се намали од 18 на 5 отсто“, соопштија социјалдемократите, кои додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против граѓаните да плаќаат помали сметки за електрична енергија.

Во меѓувреме и од Владата и од Регулаторната комисија за енергетиката потврдија дека сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија, а намалувањето на ДДВ-то е најдоброто решение во овој период.

Но, опозиционерите по се изгледа остануваат на ставот да им се даде приоритет на личните и партиските интереси, наместо интересот на граѓаните. Тие неодамна ја блокираа изградбата на нов Клинички центар, а препреки се најавуваат и за Законот за отпис и репрограмиње на долговите, со кои ќе им се помогне на најранливите категории. Партијата предводена од Христијан Мицкоски особено наиде на негативни реакции во јавноста кога го блокираше петтиот економски пакет за поддршка на граѓаните и бизнисите. Опозиционерите решија со петстотини амандмани во Собранието претходно да ги блокираат измените во Законот за здравствена заштита, како и заемот од Светска банка за изградба на модуларните болници.

Во меѓувреме, властите континуирано изнаоѓаат начини да го зголемат семејниот буџет, преку укинување на радиодифузната такса, трикратното зголемување на социјалната помош, вториот закон за отпис на долгови и други. Неодамна премиерот Зоран Заев најави дека ќе се бори за интересот на граѓаните, преку „разбивање“ на сите кочници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината во Дебар.