22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Продолжува доделувањето на стипендиите “Борис Трајковски”, од годинаванаменети за студирање на престижниот британски Универзитет Јорк

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити Колеџ од Солун, којшто е европски кампус набританскиот Универзитет Јорк, денеска потпишуваа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски”.
“Со потпишувањето на овој протокол ја продолжуваме соработката со Сити Колеџ во Солун, а со стипендиите „Борис Трајковски“ од годинава наменети за студирање на престижниот британски Универзитет Јорк овозможуваме наши граѓани да се стекнат со диплома од еден од најдобрите универзитети во светот. Програмата се изучува на англиски јазик и нуди уникатни придобивки за учесниците, што ја прави една од најдобрите Извршни МБА програми во регионот”, рече министерката Царовска. Огласот за избор на стипендисти ќе биде објавен идната недела, а во текот на септември ќе бидат објавени добитниците на стипендиите. Универзитетот Јорк е рангиран на 16-то место во Велика Британија (Гардијан 2021), тоје 10-ти во Велика Британија за влијанието на истражувањето и е на 133-то место во светот ворангирањето на светските универзитети за 2021 според Тајмс. Дополнително, има освоено награда за Златен стандард во подучувањето „Gold Teaching Excellence Framework award(TEF)“.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

M T

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

M T

Пендаровски до Рот: Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ

M T

Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

M T