Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со Рик Хатавеј, потпретседател на Хабитат за Европа, Среден Исток и Африка

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Рик Хатавеј, потпретседател на Хабитат за хуманост Интернешнл, за Европа, за регионот на Среден Исток и за Африка.

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за активностите и проектите на оваа непрофитна организација којашто преку изградба на нови или реконструкција на постојни објекти обезбедува соодветно домување за посиромашните луѓе.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за досегашниот ангажман на оваа интернационална организација во нашата држава. Притоа претседателот Пендаровски искажа поддршка за тековните и најавените проекти на Хабитат – Македонија, којашто е дел од глобалната мрежа којашто е активна во повеќе од 70 држави и има помогнато на над 35 милиони луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп

ДЕСК

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК