5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Манекенката Билјана Јаневска во финалето на „Избор за Мис Модел Туризам во Светот“: Успеав затоа што верувам во себе

Манекенката Билјана Јаневска ја претставуваше нашата држава на Избор за Мис Модел Туризам во Светот во Јамајка.

Јаневска успеа да се пласира во финалето на Избор за Мис Модел Туризам. И како што вели, не само што успеала да се пласира во големото финале, туку освоила и две награди.

„И не само што влеговме во финале туку и зедов две награди. За најдобар изглед и најдобар костим за капење“, вели Билјана.

„Најчесто успех се случува кога силно веруваш во себе. Финалето е во Сабота на 26-ти јуни. Оваа недела се прогласуваат победници по категории и финалисти. Пресреќна сум затоа што овојпат триумфално ја зграпчивме втората шанса“, додава Јаневска.

„Им благодарам на сите кои што ме поддржавте, колеги, роднини, спознори, пријатели и непријатели. Успеав затоа што верувам во себе. Си го следам својот инстинкт и чекорам напред без оглед на сè! Пресреќна сум!“, напиша Билјана во описот на објавата на својот фејсбук-профил.

Спонзорирано: