22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Македонскиот народен театар ќе учествува со две претстави на 42-то „Скопско лето“

Станува збор за меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ. Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26 мај оваа година.

Претставите ќе се одиграат на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, „Отело“ е закажана на 29 јуни и „Само глас“ на 7 јули.

Можеби ќе ве интересира

Почина актерот Славиша Кајевски

M T

За да не протекува вода во главното фоаје, МНТ со 1, 2 милион денари ќе го поправа платото

M T

„Скопско лето“ со Шопен

M T

Скопско лето: Фото изложба „Провокативни лица“ и концерт за деца

M T

Вечерва изложба, утре концерти на програмата на „Скопско лето“

M T

Стартува Скопско лето 2021

M T