12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Намален бројот на лица кои лани починале од насилна смрт

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 3,5 проценти во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 1,7 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2020 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 проценти.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70.5 отсто, самоубиствата со 24 и убиствата со 5.5 проценти.

Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 43.2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16,7 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3.0 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија ја потресе попладнево Македонија: Загина едно лице, 18 годишно момче е тешко повредено при директен судир на две возила

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.