„Искрената битка е да се зачува идентитетот и истовремено да станеме членка на НАТО и ЕУ, тоа го прави оваа влада. Да имаше предавство немаше да имаме вето од Бугарија денес. Нема никакво предавство, точно ги знаеме црвените линии и затоа Бугарија не блокира“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ во дебата со Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
„Политичка храброст значи да направите тешки комрпмиси за доброто на граѓаните. Единствена храброст во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше споменикот на Александар Македонски, но немаа храброст ни да го наречат Александар Македонски. Мислеа дека тоа е начин да се одбранат македонските национални интереси“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека поради политиката и неуспешноста на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 да го реши проблемот со Грција, мораше под полоши услови да се преговара.
„Со предупредувања за замислени предавства, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не правеше ништо за да ги реши политичките прашања со соседите. Политичката храброст на оваа власт и премиерот Заев е ценета во целиот свет“ рече Маричиќ.