Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тројца обвинети за илегална препродажба на дрога во Гостивар

Основното јавно обвиителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Како соизвршители, тројцата обвинети на 10 мај во тетовското село Камењане од непознато лице набавиле наркотична дрога – хероин со намера да ја препродадат на уживатели во Гостивар и околината. Кај врапчишка петља возилото било забележано од полициски службеници, кои го запреле и пребарувајќи пронашле 4,4 грама хероин.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определените мерки притвор за обвинетите лица.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

C +