12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски им оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претседателката на Одборот за подигање на спомен обележје, претставници од Владата, претставници од Одделот за специјални полициски операции и семејствата на бранителите присуствуваа на откривањето на спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители од Берово, кои ги положија своите животи во конфликтот од 2001 година: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски и положија цвеќе во знак на сеќавање и почит кон нив.

„ Денешниов чин претставува една благородна идеја на локалната власт, на беровци, која што доживеа своја реализација, и преку која сакаме сите ние уште еднаш да им се поклониме и да го овековечиме споменот за нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашава земја. Впрочем, нашата држава е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари … Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава. Всушност, сето она што сме го имале и го имаме им го должиме на нашите херои.

Неизбришлив е споменот на тие наши великани кои со своето највеличествено дело и залог – сопствениот живот – оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Наша должност и аманет пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство за што сме им вечно благодарни. Нека им е вечна слава!“, истакна Спасовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Културните институции со отворен влез и изложби во чест на Денот на независноста – 8 Септември

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T