23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Овој месец пензиите ќе се исплатат предвремено, почнувајќи од 29. јуни

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година.

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.

Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).