8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

Реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје, под раководство на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните, кој насекаде се уредува и гради, па шири лажни вести и невистини.

За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, туку водени од личниот и партиски интерес го разнебитија и обезличија Скопје, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за меремр и бронза, споменици, за жални врби и палми, барок од стиропор, вртелешки и лавови.

Во главниот град, во изминатите 3.5 години континуирано се одвива градежна офанзива, во чии рамки меѓудругото, се завршени четири нови булевари, се завршува мостот на реката Вардар во Аеродром, изградени се десетици километри нови велосипедски патеки, се подигаат илјадници метри квадратни нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори и диви депониии.

Скопје сега е успешна приказна и така ќе продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК