Мината година беше специфична за сите земји во светот, не снајде пандемија за која ниту еден здравствен систем, ниту една земја не се спремала ниту очекувала и покажавме што значи добар менаџмент на здравствена криза, покажавме што значи тимска работа, покажавме што значи пожртвувана работа, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар.
-Покажавме дека граѓаните може да се чувствуваат сигурни, покажавме што значи одговорност. Што правеше политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ, лажеше, кеираше лажни вести, клеветеше, се закануваше, како некој да им се плаши од заканите. Знаеме дека нивните закани се закани на страв и несигурност, додека ние не спиевме да ја менаџираме кризата тие се будеа со идеи како политички да профитираат, рече Филипче.
Тој запраша „Какво е тоа поигрување со здравјето на граѓаните“?
-ВМРО-ДПМНЕ лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, лекови, дека нема болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект.Слушаме ќе се ребрендирале, партија за сите граѓани, уште е една голема лага, не можат да бидат тоа кога ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници, не почитувани граѓани волкот го менува влакното но не и карактерот, рече Филипче.
Тој посочи дека затоа СДСМ е партија која ги слуша слуша потребите на граѓаните и ги креира решенијата.