23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состанок Маричиќ-Маленица во Загреб

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска во Загреб имаше работен состанок со својот хрватски колега Иван Маленица. Двајцата министри разговараа за дополнително продлабочување на соработката на двете земји во однос на владеењето на правото. Според Маричиќ, искуствата на Хрватска во водењето на преговорите за членство во ЕУ се многу корисни. Хрватски експерти веќе работат на повеќе проекти кај нас кои имаат за цел зацврстување на владеењето на правото и реформите во правосудството.

-Помошта која ни ја дава Хрватска пред сè во евроинтегративниот пат за нас е многу драгоцена. Поддршката од официјален Загреб е континуирана без разлика кој е на власт, што е одлука на вистински пријатели. Тоа што треба да го направиме во иднина е дополнително да ја продлабочиме соработката во однос на владеењето на правото, истакна Маричиќ.

Министерот за правда го покани својот хрватски колега во возвратна посета на Северна Македонија. Маричиќ во дводневната посета на Хрватска имаше состаноци со тамошната Академија за обука на судии и обвинители, го посети УСКОК, а имаше и повеќе состаноци во хрватското Министерството за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, што се одржува во Виена

M T