Соопштение на МИОА:
Министерството за информатичко општество и администрација максималноги поддржува лицата со попреченост. Со новите законски измени, ќе ја обврземе секоја институција да вклучува работни места за лица со попреченост при изготвување на годишни планови за вработување. За време на денешната средба со градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа. Наташа Петровска, ме запозна со вработената Симона Јовеска. Оваа вработена беше една од најпродуктивните во оваа институција и нејзиниот придонес е високо ценет.Нашата цел е да создадеме услови овие луѓе да имаат можност да бидат вклучени што е можно повеќе во државните институции, бидејќи навистина овие луѓе можат и имаат можност да придонесат.