23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресуда за случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Тортура“, во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“.

Тие се обвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Денешната пресуда ќе биде четврта по ред за Мијалков. Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор.

Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Талир 2 значи правда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец

M T

Судењето против Камчев за „Плацеви на Водно“ почнува на 16 јули

M T