22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Важноста на пасошите со истечен рок се продолжува до 31 декември 2021 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2021 година, се продолжува до 31 декември 2021 година“, велат од МВР.

Од таму појаснуваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.