– Темата денеска ме инспирира да презентирам идеи кои се можеби поразлични од она што сме навикнати да слушаме за хибридни закани, говор на омраза и лажни вести. Конечно гледам проактивност, поголемо „за“ наспроти помало „против“. Сите што се занимаваме со односи со јавност, влијание врз јавноста, предолг период сме заглавени во справување со негативни појави, негативни влијанија, како дезинформациите и дека заборавивме по малку кои се работите кои треба да ги промовираме, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
Ме охрабрува начинот на кој НАТО во последните стратешки документи вели ние не сме препознаени, или не сакаме да бидеме препознаени против она што се бориме, туку сакаме да не знаат по она што го промовираме. Општествените чинители кои презеле одговорност и си зацртале дека ке промовираат соживот дејалог разбирање мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“ отколку „против“.
Сите ние предолго зборуваме за борба против дезинформации, справување со лажни напади, одбрана од хибридни закани, подзаборавивме што е нашата демокаратска агенда, за она што претходно сме се бореле на улиците. Сите ние кои застапуваме демократски вредности треба да обрнеме внимание за она ЗА, за да ги привлечеме граѓаните да бидат на оној автопат на добри нешта, наспроти темните канали на дезинформациите.
Ние сме на автопатот, дезинформаторите се во мрачните тунели.