23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

УЕФА: Македонските обележја на ЕУРО2020 се во согласност со Преспанскиот договор

Кратенката МКД, која се користи за настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, како и логото ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) на нејзиниот национален дрес, се во согласност со Преспанскиот договор, одговори УЕФА на жалбата што Грција ја поднесе до Европската куќа на фудбалот спроти почетокот на Европското првенство.

Детали од одговорот денеска објавија грчките медиуми, посочувајќи дека УЕФА во понеделникот преку својот заменик – секретар Кевин Ламур ја известила официјална Атина дека поднесената жалба од страна на шефот на дипломатијата Никос Дендиас и заменикот министер за спорт Лефтерос Авгенакис е неоснована.

Информирајќи ги членовите на надлежната парламентарна комисија, Авгенакис посочил дела УЕФА при одобрувањето на кратенката МКД се повикала на ставката од Преспанскиот договор, според кој на регистарските таблички стои кодот „НМК“, но за секоја друга потреба остануваат кратенките „МК“ и „МКД“,

– УЕФА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА ДРУГИТЕ СПОРТСКИ ИНСТИТУЦИИ, КАКО МЕЃУНАРОДНИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ (МОК), И ГО КОРИСТИ КОДОТ МКД ОД МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТАНДАРДИЗАЦИЈА (ISО) И ОВА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЧЛЕН 1, ПАРАГРАФ 3Е ОД ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, СЕ НАВЕДУВА ВО ОФИЦИЈАЛНИОТ ОДГОВОР НА УЕФА ДО ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ.

Потенцирајќи дека во официјалната комуникација го користи името „Фудбалска Федерација на Северна Македонија), УЕФА и порачува на грчката страна дека нема да дозволи „Европскиот фудбал да стане платформа за размена на политички пораки“.

Изминатиот викенд, официјално Скопје преку министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли тврдењата на грчката страна за наводно кршење на Преспанскиот договор.

– ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ФФМ) Е НЕЗАВИСНА И НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР Е РЕГИСТРИРАНА КАКО ЗДРУЖЕНИЕ, И КАКО ТАКВО НЕ ПРИМА ДРЖАВНИ ПАРИ. ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ОПФАЌА ИНСТИТУЦИИ КОИ ПРИМААТ ДРЖАВНИ ПАРИ. И СÈ ДОДЕКА ФФМ НЕ ПРИМА ДРЖАВНИ ПАРИ, НЕМА ОБВРСКА ДА СЕ ПРИСПОСОБИ СПОРЕД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР. ТРГОВСКИТЕ МАРКИ ВО ДОГОВОРОТ СЕ ДЕФИНИРАНИ: КОДОТ Е МК, МКД. НЕКОИ ПРАШУВААТ ЗОШТО НЕ Е НМК, НО ТОЈ КОД Е ДЕФИНИРАН САМО ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ, СПОРЕД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“, ИЗЈАВИ ВО САБОТАТА ОСМАНИ НА ПРЕС – КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ.