На 14.06.2021 во 05.30 часот на граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Х.У.(36) од Словачка, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека не е евидентиран во службената евиденција со словачката патна исправа и лична карта, а кај него биле пронајдени и словачка возачка дозвола и турска патна исправа.
По извршен разговор, тој потврдил дека словачките документи се фалсификувани и дека ги набавил од лице во Р.Албанија, додека турската патна исправа е негова сопственост.
Притоа, било утврдено дека пријавениот остварил влез во РСМ со турската патна исправа на 11.06.2021 преку граничен премин „Ќафасан“, а фалсификуваните документи сакал да ги употреби за патување од „Меѓународен Аеродром Скопје“. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции – Скопје за понатомошна постапка.