Македонската фудбалска репрезентација испиша историја и денес за прв пат ќе игра на Европското Првенство во фудбал! Првиот натпревар го играме против Австрија, еуфоријата расте и цела Македонија со цело срце ќе ја бодри нашата репрезентација.
За целата оваа фудбалска бајка да биде уште поубава, се погрижи Mozzart. Компанијата за секој гол на Македонија на првенството, донира по МИЛИОН денари во хуманитарни цели.
Акцијата „Милион причини за гол“ ја поддржа македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. За секој постигнат гол на Македонија, а се надеваме дека ќе бидат многу, Mozzart ќе донира милион денари, а токму Панчев ќе определи каде ќе се насочи донацијата. Помошта ќе оди онаму каде што е најмногу потребно.
„Ми претставува огромна чест што сум дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart . Со нетрпение го очекуваме настапот на Македонија, ќе ја бодриме нашата репрезентација, но овој пат ќе имаме и дополнителна причина за уште посилно да навиваме за погодок на селекцијата. Се надевам дека ќе има повеќе голови, а со тоа и повеќе собрани милиони кои ќе се донираат во хуманитарни цели.“ – изјави Дарко Панчев.
Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните активности, а досега, покрај редовните хуманитарни акции како што е кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ и „Хуманитарниот тикет за викенд“ има реализирано бројни акции наменети за различни институции, организации и поединци.
Да навиваме за Македонија! Нашата репрезентација има милион причини да даде гол!
Пр текст