Револтот на скопјани секој ден расте, бидејќи секој ден се заглавени во сообраќајот од дестеина граѓани кои ги блокираат клучните сообраќајници во градот.Тие сметаат дека концептот на изразување незадоволство на десеттемина опозиционери кои го придружуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на блокадите треба да се смени, а не граѓаните по напорен работен ден да не можат да стигнат дома .
-Поглуп од овој протест не може да постои затоа што работничката класа секогаш страда па и сега, кога треба да појдеш дома не можеш да си отидеш, а што ќе решат ништо, вели граѓанин во анкета на Слободен печат.
Од оваа причина изменет е и градскиот сообраќаен превоз, а голем број компании решија да спочнат да затвораат уште во 14 часот, поради неможноста на вработените редовно да ги завршат своите обврски и да пристигнат дома.
-Протестите мислам дека немаат смисла, некои цели сакаат да се постигнат, а не е ни место ни време, тогаш се враќам од работа и е ужас, вели друг граѓанин во анкетата.
Од партија информираа дека доколку блокирањето на сообраќајниците не го даде посакуваниот резултат, ВМРО-ДПМНЕ ќе премине на „институционално блокирање“.