Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шилегов: Дивите депонии ги претворивме во паркови

‘Дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораме во паркови’, изјави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, презентирајќи ги спроведените проекти од последните четири години. Тој додаде дека Град Скопје ги редизајнира
запуштените зелени површини согласно потребите на граѓаните во нивните локални
микросредини.

-Додека други ги окупираа јавните простори, продаваа плоштади за да градат Шпански скали,
ние ги ослободувавме јавните простори и ги преуредувавме да бидат по пријатни и за
пешаците и за велосипедистите, но и за оние кои им е потребен малку одмор и релаксација, истакна Шилегов.

Тој потсети на изгледот на просторот кај Филхармонија до пред една година, кој беше преполн со
паркирани возила во кал.

-Денеска паркот Ибни Пајко е полн со луѓе и зеленило. Покривот на
ГТЦ беше детектиран од УНДП како т.н. топлотен остров, сега е полн со луѓе и зеленило, заклучи Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

До 17 часот гласале 34,62 отсто од гласачите – најголема излезност има во Конче, а најмала во Сарај

ДЕСК

ПОЛА КРУШЕВО ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, НАЈМАЛ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САРАЈ – До 15 часот 27.09 отсто излезност

ДЕСК

До 13 часот излегле 18,05 проценти од гласачите

ДЕСК