До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе ги намали дневните температури за неколку степени.
Прогноза за 13.06.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 31°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7
Прогноза за 14.06.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот повремен пороен дожд, а долж Повардарието и засилен ветер . УВ=8
Прогноза за 15.06.2021
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 30°C
Променливо облачно и наутро посвежо. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=8