„Пари во буџетот има. Тоа се гледа од реализацијата на приходите и расходите. Приходите се реализираат над проекциите и предложениот план и над она што беше остварно во 2020“ кажа заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека расходите се реализираат редовно, па дури и предвремено за пензиите и останатите социјални трансфери.
„Во изгласаниот буџет беше проектиран дефицит, како и во сите години од изминатиот период на постоење на државата. Меѓутоа оваа година приходите се остваруваат над планот и тоа ни дава можност со ребалансот да направиме прилагодувања кон попродуктивни ставки во буџетот“ кажа Ковачевски.
Заменик-министерот повтори дека Владата има изработено фискална и стратегија на јавен долг за период од пет години со кои се предвидуваат политиките.