Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Реципроцитет: Русија протера македонски дипломат од амбасадата во Москва

Вработен во македонската амбасада во Москва е прогласен за персона нон грата во Русија, како реципрочен одговор на руските власти за неодамнешното протерување на нивни дипломат од земјава, информира Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува агенцијата „РИА новости“.

– Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, се наведува во соопштението на МНР на Русија.

Одлуката на руските власти е образложена како одговор на немотивираниот потег на македонските власти да протераат руски дипломат на 14 мај. Во таа прилика, МНР го повика рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и лично му ја соопшти одлуката, пришто беше даден рок од седум дена за непожелното лице да ја напушти Македонија поради активности што, како што истакна македонското МНР, се косат со однесување на странски дипломат во земја домаќин.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.