Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Насилници од Гостивар истепале маж, па му го демолирале моторот

Oбвинителството во Гостивар поднесе Обвинение до судот против две лица поради насилство.

Обвинетите, на возраст од 29 и 31 година, на 1 јули 2020 година околу 19:50 часот во Гостивар ја загрозиле сигурноста на едно лице вршејќи врз него грубо насилство.

„Откако оштетениот кој управувал со моторцикл, запрел до домот на негов другар за да земе кацига и јакна, до него пристигнале двајцата обвинети со возило Ауди А8. Еден од обвинетите со бокс го удрил оштетениот по кацигата по што му се придружил и другиот обвинет. Откако оштетениот го оставил моторот и побегнал кон блиското училиште, обвинетите потрчале по него. Бидејќи не спеале да го стигнат, се вратиле и почнале да го кршат моторот и кацигата на оштетениот, со што кај присутните граѓани предивикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Ужас на автобуска постојка: Полицијата истражува напад врз 19 годишна девојка

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Гази Баба: Малолетно дете нападнато пред училиште

ДЕСК

Драма во скопски хотел – вработен физички нападнат од гостин

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.