Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заврши пандемската учебна година

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.

Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата, почетокот на наставата беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159.

Поради состојбата со коронавирусот, образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – настава на далечина и часови со физичко присуство.

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, во зависност од состојбата со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК