24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: На црната листа на Бајден ќе се најдат оние кои ја минираат единствената иднина на државата

Премиерот Зоран Заев изјави дека не стравува оти некој од актуелната Власт би можел да се најде на црната листа на САД по по декретот на американскиот претседател Бајден, со кој се најавува дека САД ќе ги става на црна листа сите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор и работат на дестабилизација на Западен Балкан.

„Среќен сум што претседателот на најголемиот стратешки партнер на Република Северна Македонија, САД испрати, прво, фокус и внимание кон Западен Балкан, второ, фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и трето, испрати порака кон сите поткопувачи на овие демократски вредности“ кажа Заев.

Според него, со овој декрет се посочуваат оние кои што се борат против, односно на директен или индиректен начин гледаат да го минираат, да го оспорат сето тоа што претставува извезна и единствена иднина за Западниот Балкан и Северна Македонија.

„Испратена една порака за еден куп негатори, мрчатори, поткопувачи, блокатори и слично дека ова е пресериозна работа за да може некој да си прави политиканство на нездрави основи“ кажа Заев.

Според премиерот, овој декрет е потврда за вредностите за кои што се залага оваа влада, како градењето пријателство, постивнувањето на мир и стабилност во регионот преку дијалог, дипломатија и постигнување и почитување на договори со соседите.