2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата исполнила 93,5 отсто од критериумите за транспарентност

Активната транспарентност на Владата во 2021 година изнесува 93,5, а заедно со министерствата и општините изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации.
Според рангирањто транспарентноста на Владата во споредба со минатата година е подобрена за 2,1 отсто.
Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации што е минимално зголемување во однос на ланските 77 проценти, додека кај општините петта година по ред се забележува помала транспаретност од министерствата.

Oпштините објавуваат 60 проценти од потребните информации што е за 5,5 проценти поени повеќе во однос на лани.
Најмалку информации институциите објавуваат за финансиите, а општините за прашањата од нивната надлежност.
Од годинава, активната транспарентност е претставена на специјално изработената веб-страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +