24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Четири години влада на СДСМ: Раст на минималната и просечната плата, непречен раст на економијата

Македонската економија непречено расте во изминативе 4 години, а доказ за тоа се и позитивните резултати постигнати за време на пандемијата од КОВИД-19. Просечната плата се искачи над 28 илјади денари, додека технолошко индустриските развојни зони пријавуваат највисока економска активност.

Преку проектот „Парите назад кај граѓаните“, Владата на СДСМ ја пренасочи економија и ги стави граѓаните во прв план. Со покачувањето на минималната плата од 9 на 15 илјади и зголемување на социјалната помош за цели 300%, сите граѓани во земја ги почувствуваа промените.

Раст има и кај индустријата, односно во првиот квартал од 2021г. извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата изнесуваше 776 милиони евра или 30% повеќе од истиот период во 2020 година. Во однос на 2018 година порастот е над 41%. И на месечно ниво, извозната активност во март оваа година е највисока во изминатите 4 години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец лани.

Владата пред неколку година го презентираше и новиот Интервентен план за инвестиции 2021-2027 со кој се предвидуваат над 8 милијарди евра инвестиции во македонската економија.