11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Со цело срце за Вас! СКОПСКО им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки

За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, СКОПСКО на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“.

Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, СКОПСКО ја продолжи успешната фудбалска приказна со специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес.

„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди!“ изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, со што ќе добиеме можност уште посилно да наздравуваме и да ги бодриме нашите момци. Заедно и сѐ е можно!

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +